Return To Shop
@votopforma
ВЕЖБАЈТЕ КОГА САКАТЕ ,
И ШТО САКАТЕ
зошто треба да вежбаме
ЗДРАВО СРЦЕ
Вежбањето прави вашето срце да пумпа крв, а со оглед на тоа што срцето е мускул, на тој начин и се зајакнува и станува поиздржливо. Болестите на срцето се нависина чести, но можете да ги намалите преку вежбањето.
ПОДОБРИ РЕЗУЛТАТИ НА РАБОТА
Многу истражувања ја поврзуваат продуктивноста на работа со вежбањето. Едни објаснуваат дека тоа е така затоа што вежбањето ви дава можност да го ослободите умот од проблемите, а други веруваат дека причината лежи во тоа што дополнителниот ендорфин помага да се чувствувате поодморени и полни со елан.
ЦВРСТИ КОСКИ
Доколку сакате цврсти и здрави коски во подоцнежните години, би требало редовно да вежбате. Дигањето тегови помага во борбата против остеопороза.
ЧИСТА КОЖА
Иако на прв поглед при вежбањето кожата изгледа како да се поти па ви се чини дека ќе ви се појават мозолчиња, тоа не е точно. При вежбањето е зголемен протокот на крв во лицето и исфрлувањето на нечистотиите преку потта, со што се подобрува изгледот на вашата кожа.
ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА
Вистина е дека после вежбањето ќе бидете уморни, но веројатно една од најголемите предности на вежбањето е баш тоа што подоцна ја зголемува енергијата. Луѓето кои редовно вежбаат помалку се жалат на умор.
ПОДОБАР СОН
Вежбањето неколку пати во текот на неделата влијае позитино на квалитетот на сон.
ПОДОБАР ИМУНИТЕТ
Редовно вежбање може да му помогне на вашето тело да се избори со настинките, грипот и останатите вируси. Но немојте да претерувате.
СПРЕЧУВА ПМС СИМПТОМИ
Вежбањето ги олеснува болките во тој период, и ги намалува грчевите во стомакот.
ЌЕ БИДЕТЕ ПОСРЕЌНИ
И луѓето кои не вежбаат често, по вежбањето се чувствуваат подобро. Тоа е така затоа што мозокот испушта поголеми количини ендорфин кој влијае на подобрување на расположението и тоа со часови, па дури иденови после вежбањето.
Клубот го задржува правото на промена на распоредот, во зависност од потребите и можностите на истиот. Инструкторите од овој реаспоред во случај на оправдано отсуство секогаш ги заменува соодветен инструктор.
45 min
55 min
Со нашите инструктори, секогаш ќе бидете во ТОП ФОРМА.
BODY COMBAT/BODY ATTACK/ПИЛАТЕС
ПИЛАТЕС
ZUMBA/AEROBIC DANCE
MIX AEROBIC/STEP AEROBIC
PILATES/MIX AEROBIC