ЗА ТОП ФОРМА
СО ВАС ОД 2008

Студиото за аеробик, пилатес и зумба, „ТОП-ФОРМА“ се наоѓа на бул. Партизaнски одреди, наспроти Универзалната сала во новоизграден станбено-деловен простор. Современо изградениот објект е со квадратура од 300м2 и е опремен со централна климатизација и вентилација (во сите простории), комфорни гардероби, тушеви, крпи и тоалети, современо аудио и визуелно решение во просторот. Просторот има капацитет да опслужи околу 50 корисници на нашите услуги во исто време. Зошто токму Топ-Форма? Нудиме вискоквалитетен обучен кадар за аеробик, пилатес и ZUMBA , извонредно пријатен и просторен амбиент со сите видови реквизити за вежбање. Зад нас се многу активности : Пилатес ден 2009, ZUMBA фест 2009, Топ-Аеробик ден 2010, Verano azul 2010-Охрид, Пилатес ден бр.2 2010, Fitness Promo 2011 и Лето 2011 во хотел Метропол-Белви Охрид, ФИТНЕС ФЕСТ 2012, Бесплатен фитнес за сите 2012 на Градска плажа-Парк 2012 и Les Mills day 2014. Тоа е Топ-Форма, секогаш чекор понапред, пред останатите. Ваше е само да дојдете и да вежбате, за да бидете секогаш во „ТОП-ФОРМА“!

За нас

ЗОШТО ДА НИ СЕ ПРИДРУЖИТЕ НАM

Вежбањето ќе ви ја зголеми самодовербата, ќе направи да изгледате одлично, ќе ви даде повеќе енергија и ќе го подобри вашето здравје на многу различни начини. Направете вежбањето да ви биде забавно.Секогаш имајте цел што сакате да ја постигнете.

КАКОДО НАС

бул. Партизански одреди 26а
1000 Скопје, Македонија