Return To Shop
@gemvast
BASIC PILATES
Basic Pilates е наменет за сите кои првпат се среќаваат со техниката на вежбање пилатес, како и за оние кои веќе биле во контакт со пилатес, од причина што негуваме единствен пристап кон секој вежбач, целокупното здравје со акцент на безбедно извршување на вежбање. Примената на правилна биомеханика на телото ја развива свесноста за телото и ги оптимизира движењето и функцијата на локомоторниот, нервниот, кардиоваскуларниот, респираторниот и сите други системи кои го прават нашето тело совршена креација која мора да се негува за да продолжи да не поддржува во текот на деновите од нашиот живот. Го тренираме телото преку вежби за сила, истегнување и стабилизација. Basic Pilates е погоден за сите возрасти, со можност за модификации според индивидуалните потреби и способности на вежбачот. Придружете ни се, нема да зажалите.
INTERMEDIATE PILATES
Како чекор напред по усовршените техники за вежбање научени во групата Basic Pilates. Напредокот на процесот на обука во однос на одржување на мотивацијата е важен фактор. Часовите се секогаш динамични, интересни, се учат нови вежби и начини на користење и штедење на телото во секојдневниот живот, и насмеани го напуштаат студиото. И се враќаат од тренинг на тренинг полни со волја и желба за лична надградба на себе.. Среќни сме што знаеме да им го обезбедиме тоа што го бараат, а нашата постојана едукација и обука во областа на човековото спортување и здравје секако го поддржува тоа.
ADVANCED PILATES
Овие часови се за подобрување на вашите севкупни атлетски способности. Очекувајте вежби кои се фокусираат на стабилноста на јадрото, рамнотежата и флексибилноста, а сите тие се клучни за секој спорт. Подобрената свесност и контрола на телото добиени од напредниот пилатес може да се претвори во подобри перформанси, без разлика на вашите физички активности.
ПРИДОБИВКИ: Зајакнување на мускулите, подобрување на држењето на телото, подобрување на концентрацијата, зголемување на флексибилноста.
„После 10 тренинзи ќе се чувствуваме подобро, после 20 тренинзи ќе изгледаме подобро а после 30 тренинзи ќе имаме ново тело“.