СТЕПАЕРОБИК

потрошени 650калории

Главна карактеристика на овој вид аеробик е користење степери со кои се креира интересен час пригоден за секој потенцијален вежбач, без оглед на годините, полот и нивото на физичка подготвеност. Степерите даваат неограничени можности за креирање степ-кореографии со користење музика Вежбачите коишто ќе се одлучат за овој вид аеробик може да сметаат на подобрување на кардиоваскуларните и респираторните функции на организмот, намалување на масното ткиво, подобрување на циркулацијата, оформување на мускулите во хармонична целина и подобрување на општата здравствена состојба.

ИНСТРУКТОР
ЕЛЕНА М.

„Чекор по чекор до виткост !“.